11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Родри ги смири фановите на Сити: Не сум сериозно повреден

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Родри, кој беше заменет самопо 20-тина минути игра на натпреварот против Брентфорд, изјави дека повредата не е сериозна и се надева дека ќе биде достапен за следниот меч во Премиер лигата против Евертон.

Инаку, минатогодишниот носител на Златната топка често се соочува со мускулни проблеми од почетокот на сезоната, откако го пропушти речиси целиот минат шампионат поради тешка повреда на коленото.

„Се чувствувам добро. Почуствував нешто во мускулот зад коленото, но не изгледа сериозно. Најважна е победата. Малку се истегнав, но тоа е дел од процесот. Дали е поврзано со повредата на коленото? Не мислам така. Добро е што излегов од теренот и не се обидов да продолжам за да не ја влошам повредата на мускулот. Мислам дека во овие денови на одмор ќе можам да закрепнам. Се надевам дека ќе бидам подготвен за следниот натпревар“, изјави Родри.

Сепак, Родри сигурно нема да се приклучи на репрезентативниот собир на Шпанија и ќе ги пропушти квалификациските натпревари на СП 2026 против Грузија и против Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести