17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Родри ќе паузира до крајот на септември, а Реал гледа шанса за сензационален трансфер

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Родри, повторно заработи повреда која ќе го оддалечи од терените на подолг период. Шпанскиот фудбалер го повреди мускулот на натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство, што предизвика загриженост кај навивачите и стручниот штаб на Граѓаните.

Тренерот Пеп Гвардиола ја коментираше состојбата на својот играч.

„Родри се чувствува подобро, но повредата од мечот со Ал-Хилал е сериозна. Веќе тренира подобро и се надеваме дека по репрезентативната пауза во септември ќе биде целосно подготвен“, изјави Гвардиола.

Актуелниот добитник на „Златната топка“ на крајот од 2024 година претрпе тешка повреда на лигаментите на коленото поради која ја пропушти целата завршница на сезоната, што многумина го поврзаа со најлошата резултатска година на Сити во последните неколку сезони.

Минатото лето Родри беше клучен играч за Шпанија во освојувањето на европското злато, а во Манчестер сити со нетрпение го чекаа неговото враќање на теренот за време на Светското клупско првенство. Сепак, новата повреда ќе го натера повторно да помине низ процес на рехабилитација.

Шпанецот има договор со клубот уште две години, но англиските медиуми сè почесто пишуваат дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести