Шпанецот Родри кој е еден од главните кандидати за освојување на „Златната топка“, ја остава отворена можноста за преселба во Реал Мадрид во иднина.
По пензионирањето на Тони Крос, во Реал им станува јасно дека им е потребен еден играч од профилот на Родри, па не е исклучено следното лето Кралскиот клуб да се обиде да го купи Шпанецот.
„Многу сум среќен во Англија. Играм за еден од најдобрите клубови во светот. Имам тригодишен договор и кога ќе дојде време, ќе размислам за тоа. Шпанија е мојата земја, Мадрид е мојот град. Ако се вратам во Шпанија, мора да бидам сигурен во она што го правам“, рече Родри кој е роден во Мадрид и играше за Атлетико Мадрид на младинско и професионално ниво пред да се пресели во Сити.