Шпанскиот фудбалер Родри со екипата на Манчестер сити минатата сезона освои сè што можеше да се освои. Иако беше еден од најзаслужните за успехот на Граѓаните, ако не и најзаслужниот, воопшто не беше ниту во потесниот круг на кандидати за освојување на Златната топка, која по осми пат му припадна на Лионел Меси.
„Не сум изненаден, тоа е нормално. Разбирам како функционираат работите кај поединечните награди. Маркетингот и парите се главни. И претходно имаше фудбалери од средниот ред кои беа Шпанци, а не ја добија наградата што ја заслужуваа. Сепак, во фудбалот најважно е што ќе освои екипата, а не поединецот“, рече Родри за британскиот „Мирор“.
Родри веројатно мислеше на своите сонародници Чави и Иниеста, но и Чаби Алонсо, кои иако имаа блескави кариераи, никогаш не ја освоија Златната топка.