20.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Родриго не размислува за преселба во Тотенхем, би заминал од Реал само во елитен клуб

Бразилскиот офанзивец на Реал Мадрид, Родриго, нема намера да ја промени средината и да се пресели во редовите на Тотенхем и покрај тоа што се шпекулираше дека англискиот клуб е подготвен да понуди до 90 милиони евра за неговите услуги.

Според блиски извори, иако интерес од Тотенхем постои, конкретни разговори со раководството на мадридскиот клуб досега не се воделе. Родриго, чиј договор со Кралскиот клуб истекува во 2028 година, би размислувал за трансфер само доколку пристигне понуда од клуб кој според него е на повисоко спортско ниво од Тотенхем.

Напаѓачот има финансиски услови поставени над 10 милиони евра по сезона, сума што би ја барал во случај на евентуална промена на клубот. Како најсериозни клубови заинтересирани за него остануваат Манчестер сити и Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести