28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Рој Хоџсон ќе биде најстар тренер во Премиер лигата во следната сезона

Легендарниот англиски тренер Рој Хоџсон во следната сезона ќе седи на клупата на Крисрал палас, објави премиерлигашот.

Хоџсон во финишот од минатата сезона се врати од пензија и успеа да му помогне на Кристал палас да обезбеди опстанок и сега доби продолжување на договорот.
Со 75 години, Рој Хоџсон ќе биде најстариот тренер кој ќе работи во Премиер лигата следната сезона.

Тренерската кариера Хоџсон ја започна во 1976 година, кога го водеше тимот на Халмштад, а во кариерата има работено и во Бристол сити, Оребро, Малме, Ксамакс, Интер, Блекбурн, Грасхоперс, Копенхаген, Удинезе, Викинг, Фулам, Ливерпул, ВБА, Кристал палас, Вотфорд, а беше селектор на Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати, Финска и Англија.

- Оглас -

Најнови вести