Рома ѝ даде „корпа“ на Суперлигата, но џокерот е во еден од адутите на Серија А

Италијанскиот калчолигаш Рома и официјално одби ѝ да се приклучи на новоформираната Суперлига. Римската волчица преку соопштение јавно објасни зошто не сака да биде дел од идејата за нова лига на богати.

„Сакаме да им се обратиме на нашите најверни навивачи по повод неодамна формираната Суперлига. Рома силно се спротивставува на затворен систем на натпреварување затоа што тоа е основно спротивно од духот на играта која ја сакаме. Некои работи се поважни од парите. Ние цврсто ќе останеме верни на италијанскиот фудбал и преку домашното ниво да се бориме за европските натпреварувања“, стои во соопштението на Рома.

И додека Рома одби да биде дел од Суперлигата, се шпекулира дека новата лига на богати како адут за промоција ќе ја добие Дилета Леота. Тоа е најпознатата спортска новинарка во Италија, која е задолжена за мечевите во Серија А.

Дилета последната професионална задача ја имаше на „Сан Сиро“, на дуелот меѓу Милан и Џенова.

- Оглас -

Најнови вести