Рома е сигурна, а Тотенхем ќе мора да бара победа за да оди понатаму во Конференциската лига

Покрај Лигата на Европа, вечерва се одигра последното коло од Конференциската лига на Европа.

Се разбира, треба да се сочека натпреварот меѓу Тотенхем и Рен кој беше откажан откако голем број на фудбалери на англискиот тим испаднаа позитивни на вирусот Ковид-19.

На Тотенхем му е потребна победа за да оди понатаму, додека, Рен со сигурност е првопласиран во групата Г.

Рома, пак ја победи ЦСКА Софија со 3:2 и заврши на првото место во групата Ц, што значи дека момците на Жозе Мурињо ќе играат во осмина-финалето.

Тимовите: Спарта Прага, ПСВ; Лестер, Фенербахче, Олимпик Марсеј, Митјиланд, Селтик и Рапид Виена испаднаа од Лигата на Европа и ќе играат во шеснаестина финалето од третото по ранг натпреварување.

Таму, можни противници ќе им бидат: Макаби Тел Авив, Партизан, Бодо Глимт, Рандерс, Славија Прага, ПАОК, Витесе/Тотенхем, Карабаг.

Во осмина финалето, пак, ќе чекаат: Базе, Рен, Копенхаге, Фејенорд, Аз Алкмар, Рома, Гент, ЛАСК.

Ждребот за елиминациите во ова натпреварување ќе биде во понеделник од 14:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести