Рома го наполни Беневенто, Џеко стана четврт најдобар стрелец за Волчицата (видео)

Со двата погодоци во победата на Рома од 5-2 над Беневенто, Един Џеко се искачи до четвртото место на вечната листа на стрелците во историјата на Римската Волчица.

Босанскиот голгетер сега брои 108 погодоци, два повеќе од Родолфо Фолк, а пред него се само Амедео Амедеј (111), Роберто Пруѕо (138) и принцот Франческо Тоти со 307 погодоци.

Џеко прво стрелаше во 35-тата минута за 2-1, а потоа и за 4-2 во 78-мата минута, откако претходно Педро и Верету од пенал погодуваа за домаќините, додека Перес ги постави конечните 5-2 во последната минута од регуларните 90.

Рома врза две победи и дојде до седмото место на табелата во Калчото со седум бода, Беневенто има еден бод помалку на 10-тото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести