10.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Рома го победи Кремонезе и го презеде врвот во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Рома остварија убедлива победа (1-3) на гости против Кремонезе и со новите три бода се искачија на врвот на табелата во Серија А. Сега тимот на Џанпјеро Гасперини, кој денеска и беше исклучен во текот на мечот, има 27 бода, два повеќе од Наполи и три позитива во однос на Интер, кој вечерва го игра градското дерби против Милан.

Матијас Суле во 17-тата минута донесе водство за Рома, а Еван Фергусон во 64-та минута зголеми на 0-2. Само пет минути подоцна погоди и Весли Франка, а домаќинот постигна почесен погодок во 93-тата минута преку Франческо Фолино.

- Оглас -

Најнови вести