Рома го прими најбизарниот гол сезонава и затоа не го победи Лацио (Видео)

По еден гол на двете страни за по еден бод на Рома и Лацио во големото римско дерби на „Олимпико“. Римската волчица ја имаше улогата на фаворит и поведе со погодокот на Един Џеко во 26 минута. Сепак, радоста на домаќините не траеше долго затоа што само осум минути подоцна Лацио израмни.

Погодокот кој го даде Лацио е еден од најбизарните постигнати сезонава во Европа. Небесносините изведоа корнер, топката ја одби еден од играчите на Рома и заврши високо, а потоа удри во пречката и падна непосредно пред голот на Рома. Во таа ситуација најснаодлив беше Ачерби кој израмни на 1:1.

Лацио со ова реми ја прекина низата од 11 победи по ред во првенството, но остана серијата од 14 средби без пораз во шампионатот. Небесносините имаат 46 бодови и се на третото место на табелата, а Рома е со 39 бодови на четвртата позиција.

Головите и најинтересните моменти од дербито погледнете ги тука:

https://youtu.be/BFYrJ56LLz4

- Оглас -

Најнови вести