Играа заедно во групната фаза, а екипите на Бодо/Глимт и Рома повторно ќе ги одмерат силите во четвртфиналето од Конференциската лига на Европа.
Норвешкиот тим којшто славеше над колективот предводен од Жозе Мурињо со неверојатни 6:1 ќе се обиде да направи уште едно големо изненадување.
Првите средби се играат на седми април, додека реваншите се седум дена подоцна. Полуфиналињата се на програмата на 28 април и 5 мај, а големото финале на Националниот стадион во Тирана е закажано за на 25 мај.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА ЕВРОПА
Бодо/Глимт – Рома
Феенорд – Славија Прага
Олимпик Марсеј – ПАОК
Лестер – ПСВ Ајндховен
ПОЛУФИНАЛЕ КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА ЕВРОПА
Лестер/ПСВ Ајндховен – Бодо Глимт/Рома
Феенорд/Славија Прага – Олимпик Марсеј/ПАОК