Рома има долг за враќање против Удинезе

1009 Нотингем ф. – Манчестер ј. (17.30 часот)

Мотивите за победа на Јунајтед се искачување на трето место и чекор напред кон место во ЛШ, а на Шумарите бодовите им требаат за бегство од опасната зона со која што се во моментов. Нотингем во последните девет кола освои само три бода, а Манчестер има две победи по ред и двете без примен гол. Ѓаволите и на последните три пресметки против Форест победуваа без да примат гол. Јунајтед во Нотингем последен пат загубил пред 31 години. Во двата тима има многу повредени, тоа е поголем хендикеп за домашните.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.02)

 

1809 Волфсбург – Б. Леверкузен (19.30 часот)

Баер Леверкузен има серија од пет победи по ред, а гостува кај непредвидливиот Волфсбург кој во последните три кола имаше и победа и пораз и реми. Баер има само четири нерешени во 27 кола, а Волфсбург во просек секое трето коло игра без победник. Гостите имаат по пет дадени и примени голови повеќе од Волфсбург. Баер и да победи ќе остане шести, но ќе се доближи до место кое води во Лига Европа. Есеноска во Леверкузен беше 2-2.

Предлог тип: Т2 2+ (2.14)

 

1956 Трабзонспор – Бешикташ (19.30 часот)

Ова е дерби во Турција само поради историјата, а не и според сегашноста. Трабзон и Бешикташ се далеку од битка за титулата. Трабзон на Барди е во лоша форма, има три порази во последните пет кола, а Бешикташ има пет победи по ред, на сите тие пет меча даваа барем по два гола, и пробуваат да го загрозат барем второто место на Фенербахче. Есеноска во Истанбул беше 2-2, а последните девет меѓусебни дуели им завршуваа со барем по еден гол на двете страни. Трабзон уште од ноември нема одиграно нерешено.

Предлог тип: Х2 & 2>1(2.50)

 

3009 Рома – Удинезе (20.45 часот)

Римјаните имаат шанса да се зацврстат на трето место, додека Удинезе ќе се труди да остане непоразен. Удинезе е специјалист за ремија, дури 12 пати играа нерешено, никој друг во Серија А нема толку многу нерешени игри како Несторовски и другарите. Рома и Удинезе имаат ист број на дадени голови, но одбраната на Волчицата е подобра, затоа и имаат 14 бодови повеќе од гостинот. Во септември во Удине, Рома беше прегазена со 0-4.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

1309 Валенсија – Севилја (21.00 часот)

Некогашниот гигант Валенсија, има уште десет кола да се избори за опстанок во Ла Лига. Вечерва задачата нема да им биде лесна, Севилја е опасен тим кој во четвртокот извади реми на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед. Ни Севилја не блеска во лигата, има само пет бода повеќе од загрозената Валенсија. Последните четири меѓусебни дуели им завршуваа со 0-2 гола, а Лилјаците дома не победиле против андалузијците од 2017 година.

Предлог тип: & 0-3 (1.58)

- Оглас -

Најнови вести