Рома ја доби голеадата со Торино и остана во игра за ЛШ (Видео)

Екипата на Рома го доби дуелот против Торино со 3-2 и остана во трката за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Победата за екипата од Рим ја обезбеди фантастичниот Аргентинец, Пауло Дибала, кој беше стрелец на сите три погодоци за Римската волчица. Аргентинецот најпрво стрелаше во 42-рата минута од пенал за водство од 1-0. Но, само две минути подоцна, Торино израмни преку Запата.

Дибала во 57-мата минута повторно носи водство за Рома со фантастичен удар од далечина, а во 69-тата минута зголеми на 3-1. Конечните 3-2 ги постави Хујсен со автогол во 89-тата минута.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести