-1.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Рома ќе го спаси Манчестер јунајтед од непотребниот напаѓач?!

Рома игра солидна сезона во италијанската Серија А и во моментов е на одличното четврто место. Сепак, Гасперини има проблеми во офанзивната линија, а решение на проблемот гледа во напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џошуа Циркзе.

Холандскиот репрезентативец оваа сезона собра само 10 настапи, а во игра мина 355 минути, што е премалку. Црвените ѓаволи сакаат да се ослободат од него, па интересот од Рома е добредојден.

Рома е подготвена да му понуди на Манчестер јунајтед позајмица до крајот на сезоната, а налето и комплетен откуп на неговиот договор, кој истекува во 2029 година. Интерес има и кај самиот фудбалер, кој е во потрага по минутажа која ќе му донесе место во составот на Лалињата за Мундијалот.

Циркзе пристигна во Манчестер јунајтед пред една и пол година од Болоња за сума од 42,5 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па неговата вредност сега е само 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести