Сликите од новиот стадион на Рома, прикажани во видеото создадено од клубот, им предизвикаа морници на навивачите на Рома, но и на многу неутрални.
Новиот дом на Џалоросите што треба да се изгради, „ќе ги воодушеви дури и боговите на Рим“, вели нараторот во видеото.
Главна карактеристика на новиот стадион е јужната трибина, кој треба да биде најголема во Европа. Сегашната најголема трибина во Европа е популарниот Жолт ѕид на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд со капацитет од 25.000 луѓе.
Проектот и видеото од новиот стадион му се претставени на градоначалникот на Рим, а челниците на Волчицата би сакале стадионот да биде готов до 2027 година, кога Рома ќе прослави 100 години од своето формирање. Рома веќе 71 години игра како домаќин на „Олимпико“.
🏟️ Verso il nuovo stadio
📄 https://t.co/7a0IiInWD5#ASRoma pic.twitter.com/C9mNPE9aYG
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 24, 2024