2.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Рома ќе се засили со дефанзивец на Челзи

Аксел Дисаси би можел да го напушти Челзи во зимскиот преоден рок. Италијанскиот калчолигаш Рома, на инсистирање на тренерот Џанпјеро Гасперини, покажува голем интерес за францускиот репрезентативец.

Преговорите за негов трансфер во Италија веќе се во тек. Ова би било корисно и за Рома, која сака да ја засили одбраната, и за Дисаси, кој има мала минутажа на „Стемфорд бриџ“.

Дваесет и седумгодишниот стопер минатата година беше позајмен во Астон вила, а сега повторно се разгледува можност за позајмица како модел на трансферот.

Дисаси, кој во 2023 година пристигна од Монако за 45 милиони евра, оваа сезона сè уште нема настап во Премиер лигата и е далеку од тимот на Енцо Мареска само со два натпревари за резервниот тим.

- Оглас -

Најнови вести