Џанлука Манчини, дефанзивецот на Аталанта, од следното лето ќе биде нов играч на Рома откако двете екипи ги договорија условите за трансферот. Рома за неговите услуги ќе исплати 25 милиони евра, додека фудбалерот ќе потпише петгодишен договор, според кој ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона.
Додека Аталанта и Рома на „Бергамо“ се бореа за бодови, спортскиот директор на „волчицата“ го договараше овој трансфер, кој ќе се официјализира по крајот на оваа сезона.
За дваесет и двегодишниот Манчини интерес покажаа уште неколку клубови од Европа, како Интер, Евертон, Фулам и Баерн Минхен, но „римјаните“ беа најбрзи и најубедливи со нивната понуда.