Голеада на „Бергамо“ – Запата од трагичар во херој за Аталанта

Аталанта и Рома ремизираа при конечни 3-3 на „Бергамо“ во мечот од 21-то коло во Серија А. Фудбалерите на Еузебио Ди Франческо испуштија драгоцени три бода, откако по 40 минути имаа предност од три гола, но домаќините се изборија за реми.

Џеко по половина час два пати ја тресеше мрежата на Бериша, Ел Шарави во 40-тата зголеми на 3-0, додека Кастањ пред паузтата им даде надеж на Аталанта. На 3-2 намали Рафал Толој во 59-тата минута, додека во 70-тата минута домаќините добија пенал со помош на ВАР, кој го промаши Запата.

Сепак, Колумбиецот се поправи само триесетина секунди подоцна и израмни на 3-3, постигнувајќи го вкупно 15 гол сезонава во Серија А.

Во останатите два меча кои започнаа во 15 часот во италијанскиот шампионат, Фросиноне славеше убедлива победа над Болоња со 4-0, додека СПАЛ со 3-2 ја совлада Парма.

- Оглас -

Најнови вести