3618 Аталанта – Рома (20:45 ч.)
Дербито на денот се игра во Бергамо. Рома е во добра форма и има три победи по ред, па моментално е на посакуваната четврта позиција која води место во Лигата на шампионите за следната сезона. И Аталанта брка излез во Европа, па сигурно домаќините нема да сакаат да останат без бодови на овој дуел.
Ако Мурињо постави „ѕид“ пред својот гол, тешко дека ќе има многу погодоци, па не е ни чудно што на последните два меѓусебни дуели било по 1:0, по еднаш во корист на двата тима.
Предлог тип: Х2&0-3 (2.01)
1124 Лутон – Мидлсборо (21 ч.)
Две екипи кои сигурно ќе играат во плејофот за пласман во Премиер лигата и според сите претпоставки, една од нив ќе игра во елитното англиско друштво следната сезона. Лутон нема пораз во последните 11 кола (7 победи и 4 ремија).
Мидлсборо го има најдобриот напад во лигата (82 дадени гола во 43 меча), но и прима многу погодоци (52). Затоа се очекува игра без многу калкулации со голови во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)
2843 Бордо – Гренобл (20:45 ч.)
Многу важен меч за домаќините. Некогашниот француски првак со победа ќе дојде до 59 бода и ќе се искачи на второто место кое носи пласман во Лига 1 за следната сезона. Бордо сезонава дома има девет победи во 15 меча, во кои прими само девет погодоци, што покажува дека има цврста одбрана.
Гренобл нема многу мотиви за игра, сигурни се на средината од табелата, па гостите треба да загубат.
Предлог тип: 1 &0-3 (2.30)
2806 Оденсе – Лингби (19 ч.)
Ова се две екипи кои се во плејаут-делот на данското првенство. Оденсе е комотен и сигурно спасен, а Лингби е последен дури со шест бода помалку од зоната за спас. Убедливо најслаб напад има Лингби, а интересно е дека на последните пет меѓусебни дуели, Оденсе секогаш победувал, па едноставно традицијата тука треба да продолжи.
Предлог тип: 1 (1.96)
1952 Фенербахче – Истанбулспор (19 ч.)
Фенербахче не се предава во трката за титулата иако заостанува шест бода зад лидерот Галатасарај. Истанбулспор е во долниот дел од табелата и тоа е тимот со најслабата одбрана во лигата, додека Фенербахче го има најдобриот напад, па јасно е дека треба да се очекува целосна офанзива на домашниот тим.
Предлог тип: 1&2-4 (1.97)