Рома победнички започна во Лигата на Европа откако со 2:1 победи на гости кај Ница. Римската волчица на почетокот на второто полувреме постигна два гола и тоа беше доволно триумфално да си замине од Франција.
Оваа победа на Рома е рекордна. Италијанскиот тим сега има вкупно 98 триумфи во Лигата на Европа (Куп на УЕФА), израмнувајќи се со Тотенхем со најмногу победи во историјата од второто по ранг европско натпреварување.
Рома до 98 победи стигна во 187 натпревари, додека Тотенхем има 98 победи во 168 меча. Тотенхем оваа сезона игра во Лигата на шампионите, што значи дека Римската волчица има отворен пат прва да стигне до јубилејни 100 триумфи во ова натпреварување.
Интересно е дека Рома никогаш не го освоила трофејот во Лигата на Европа или во УЕФА купот. Играше две финалиња и двете ги загуби.
На листата на екипи со најмногу победи во Лигата на Европа се:
Рома 98 победи во 187 меча
Тотенхем 98 победи во 168 меча
Интер 96 победи во 191 меча
Спортинг 95 победи во 203 меча
Севилја 92 победи во 158 меча