0.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Рома рутински го совлада Кремонезе и се израмни со Наполи по бројот на бодови (Видео)

Фудбалерите на Рома забележаа лесна и убедлива победа од 3-0 над Кремонезе и на тој начин дојдоа до 50 бода, колку што има и Наполи на третата позиција.

„Римската волчица“ со оваа победа само се зацврсти во топ-4 екипите во Серија А и сега има плус четири во однос на Јувентус, кој по низата лоши резултати остана на петтата позиција.

Рома е далеку од борбата за титулата, па примарна цел за екипата оваа сезона ќе биде пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести