8.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Рома рутински славеше на гости кај Лече (Видео)

Рома како гостин ја совлада екипата на Лече со 0-2 во натпревар од 19-тото коло на италијанската Серија А.

Избраниците на Џанпјеро Гасперини вечерва ја оправдаа фаворитската улога во Апулија и речиси рутински ја прекинаа серијата од три порази на гостувањата во домашното првенство.

Не помина многу време пред Волчицата да поведе. Се играше 14-тата минута кога Еван Фергусон ја искористи асистенцијата на Дибала по убава тимска акција и со гол ги израдува гостинските навивачи.

Голот на Писили беше оправдано поништен поради офсајд, а до крајот на првото полувреме Фергусон можеше уште еднаш да се запише во стрелците, но неговиот обид го одбрани Фалконе.

Лече заигра нешто поконкретно во второто полувреме и дури се закани преку Пјероти. Сепак, тоа не донесе пресврт за тимот на суспендираниот Еузебио Ди Франческо, кого на клупата го замени Фабрицио Дел Росо.


Во 71-та минута Артем Довбик го пренасочи ударот на Писили во мрежата и ги постави конечните 0-2.

Со оваа победа Рома се искачи на четвртото место на табелата во Серија А со 36 бодови, додека Лече е 16-ти со 17 бодови.

- Оглас -

Најнови вести