Рома покажува сериозен интерес за Федерико Кјеза од Ливерпул. Италијанскиот репрезентативец нема доволно шанси за настап кај Црвените“, а Кјеза е решен да игра на Светското првенство доколку Италија успее да обезбеди пласман.
Сѐ повеќе информации укажуваат дека Кјеза размислува за трансфер веќе во јануари за да ја врати формата и да има редовна минутажа, но моментно ситуацијата останува неизвесна.
Поранешниот играч на Јувентус е цел на повеќе клубови, а според медиумите во Италија, Рома повторно ќе се обиде да го ангажира крилниот напаѓач. Римјаните најверојатно ќе се обидат да го доведат на позајмица бидејќи не можат да вложат голема сума за трансфер.
Тренерот Џанпјеро Гасперини има одлично мислење за 28-годишниот играч, а Рома итно бара засилување во офанзивната линија.

