12.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Рома се искачи на врвот во Серија А

Фудбалерите на Рома вечерва покажаа дека се сериозни кандидати за титулата, остварувајќи убедлива победа над Удинезе со 2-0 на „Олимпико“. Со триумфот, тимот на Гасперини се искачи на врвот на табелата во Серија А со 24 бода, два повеќе од Милан и Наполи. Удинезе, пак, останува на десеттата позиција со 15 бода.

Иако Рома контролираше голем дел од натпреварот, првото полувреме беше изедначено и двете екипи имаа неколку добри шанси. Клучниот момент дојде во 42-тата минута, кога дефанзивец на гостите направи прекршок во шеснаесетникот, а капитенот Лоренцо Пелегрини со сигурна реализација од пенал донесе водство за домаќините.

По паузата, Рома ја задржа контролата на играта и постепено ја зголемуваше предноста. Во 61-та минута, по прецизна асистенција од Џанлука Манчини, турскиот репрезентативец Зеки Челик со смирен удар ја затресе мрежата на гостите за конечни 2-0.

- Оглас -

Најнови вести