10.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Рома со еден гол гo сруши сонот на Јувентус дека може да се бори за Лига шампиони (Видео)

Рома на „Олимпико“ го доби дербито против Јувентус со 1:0, благодарение на прекрасниот гол на Џанлука Манчини во 53 минута од мечот. Гостите имаа свои шанси, три пати ги погодуваа рамките на голот на Рома, имаа стоостотна шанса и во 90+7 минута, но не успеаа да се израдуваат на погодок.

Ова беше многу важен триумф за Римската волчица, затоа што тимот од главниот град се искачи на четвртото место на табелата со 47 бодови, колку што има и петтопласираниот Милан, а еден помалку од третиот Лацио.

Јувентус ја прекина низата од четири победи, а Старата дама сега е многу подалеку од желбата дека може да стигне до позиција која води во Лигата на шампиони за следната сезона. Гигантот од Торино на кого му беа одземени 15 бодови сезонава, сега остана на 35 бодови што е доволно за осмото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести