Португалскиот стратег Пауло Фонсека во понеделник и официјално треба да биде претставен како нов тренер на Рома. Фонсека досега беше на кормилото на Шахтер Донецк, но откако челниците на „римската волчица“ решија да платат два милиони евра за негово предвремено заминување од украинскиот тим, Фонсека се сели во Рим.
Фонсека е тренер кој негува напаѓачки фудбал, а тоа го има потврдено и во Шахтер, но и кога беше на чело на Порто. Главна цел на новиот тренер ќе биде да го врати тимот во Лигата на шамиони. Екипата од „Олимпико“ во сезоната која што измина беше предводена од Еузебио ди Франческо, кој доби отказ, а на негово место беше доведен Клаудио Раниери да ја доработи сезоната.
Фонсека е познат и по потегот да се облече како јунакот „Зоро“. Тоа го направи по мечот од Лигата на шампиони кога Шахтер го победи Манчестер сити, пред речиси две години.