Романија оствари убедлив триумф (3-0) против Украина и направи голем чекор кон пласманот во втората фаза на Европското првенство. Тоа е прва победа за Романците на ЕП по цели 24 години. Во групата „Е“ се наоѓаат и селекциите на Белгија и на Словачка, кои својот меч го играат од 18 часот.
Романците поведоа со спектакуларниот гол на Николае Станчиу, кој со прекрасен удар од далечина го совлада Лунин во 29-тата минута.
Во идентичен стил, Романија продолжи и во второто полувреме, а нов гол од далечина постигна Разван Марин во 53-тата минута.
Четири минути подоцна, Романците поведоа и со 3-0 со голот на Денис Драгуш и тоа беше дефинитивен нокаут за Украина на денешниот дуел во Минхен.