Романската фудбалска репрезентација од синоќа е во Скопје, а играчите, новинарите и фоторепортерите од Романија веќе имаа прилика да се запознаат со условите на арената „Тодор Проески“, и според изјавите, се чувствуваат непријатно и исплашено.
Јанис Хаџи кој го даде победничкиот гол за 3-2 на првиот меч во Букурешт, изјави дека уште пред да дојдат во Скопје знаеле оти теренот не е во најдобра состојба, но некои романски медиуми детално опишуваат што виделе и тоа го поткрепуваат со фотографии.
„Теренот е нерамен, полн со дива трева. Пред головите, трева нема, туку само земја“ – пишуваат Романците.
Менаџерот на стадионот им објаснил дека на овој терен се играат многу натпревари и тоа е причината за моментната состојба која е далеку од идеална, и дека нема шанси да се поправи теренот додека на него се играат толку многу натпревари.