Роналдињо има причина за славје и да части во затворот во Парагвај

Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо веќе две недели има голем предизвик, а тоа е како да се снајде и да го издржи времето во затворот во Парагвај. Бразилецот се најде зад решетки откако беше откриен дека користел лажен пасош за влез во Парагвај. Да биде уште потрагично, на Бразилците воопшто не им е потребен пасош за влез во соседен Парагвај, а Роналдињо имал патна исправа која покажува дека тој бил натурализиран граѓанин на таа земја.

За две неделни колку што е во затвор, Роналдињо и во затворот стана главна ѕвезда. Дели автограми, пие пиво и игра фудбал. На турнир во мал фудбал меѓу затворениците, Роналдињо успеа да му го донесе првото место на својот тим, а главната награда беше печено прасе.

Роналдињо кој во изминативе години беше познат по своите луди забави, денеска има посебна причина за славје во затворот. Бразилецот денеска полни 40 години, а овој роденден сигурно посебно ќе го памти засекогаш, бидејќи осега никогаш не бил во затвор за да прославува.

Сигурно во затворот нема да добие третман како во дискотеките кога ги прославуваше родендените, но Роналдињо сепак и во вакви услови ќе го одбележи јубилејниот роденден, но сигурно нема да биде како порано кога постојано беше опкружен со многу убави девојки.

- Оглас -

Најнови вести