Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи упати благодарност до навивачите на Ливерпул кои во седмата минута од мечот Ливерпул – Манчестер јунајтед аплаудираа и му пееја „Никогаш нема да бидеш сам“ во знак на поддршка на Роналдо, чиј новороден син почина еден ден пред дербито.
Ривалството беше ставено на страна, фановите направија фантастичен гест, а Кристијано денеска изрази благодарност.
„Еден свет, еден спорт, едно глобално семејство. Благодарам ‘Енфилд’. Јас и моето семејство никогаш нема да ви го заборавиме овој момент на почит и сочувство“, порача Роналдо, споделувајќи снимка од аплаузот.