Кристијано Роналдо не даде гол на синоќешното гостување во Даблин, каде што Португалија одигра само 0-0 против Република Ирска, но ги воодушеви сите присутни на стадионот и телевизиските гледачи со потегот по натпреварот.
Едно девојче истрча на теренот за да дојде до својот идол, а редарите не само што не ја исфрлија од теренот туку и ја испратија до португалската ѕвезда. Таа многу се израдува кога Роналдо ја гушна и дресот што го носеше, го соблече и ѝ го подари.
Прекрасен гест на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, а девојчето од среќа беше во шок што доби незаборавен подарок.