3.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Роналдо го постигна 182 гол од пенал во кариерата (Видео)

Екипата на Ал-Наср убедливо со 5:0 славеше на гости кај Ал-Најма во меч од првенството на Саудиска Арабија. Со овој триумф, Ал-Наср се искачи на првото место на табелата со 58 бодови, два повеќе од Ал-Ахли, додека Ал-Хилал има 55 и Ал-Кадсиа со 53 бодови.

Убедливата победа на Ал-Наср ја најави Кристијано Роналдо со гол во седмата минута. Беше досуден пенал за гостите, а Роналдо без проблем реализираше.

За Роналдо ова е вкупно 182 погодок постигнат од пенал во кариерата, а вкупно сега е на бројката од 965 голови, што значи дека му недостасуваат само уште 35 за да биде прв во историјата што ќе ја достигне магичната бројка од 1.000 голови.

- Оглас -

Најнови вести