6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Роналдо го постигна јубилејниот 950-ти гол, а Ал-Наср и натаму е перфектен во Саудиска Арабија (Видео)

Ал-Наср го продолжи својот перфектен ефект во шампионатот на Саудиска Арабија, забележувајќи ја шестата последовна победа во Професионалната лига. Екипата на Жорже Жезус славеше со 0-2 на гостувањето кај Ал Хазем во натпревар од шестото коло.

Со овој триумф, тимот од Ријад ја задржа лидерската позиција на табелата, останувајќи единствен на врвот со 18 бодови, три повеќе од второпласираниот Ал-Тавон.

Жоао Феликс го отвори резултатот во 25-тата минута, а во судиското продолжение Кристијано Роналдо го постави конечниот резултат 0-2, постигнувајќи уште еден погодок во одличната сезона за него.


За португалската суперѕвезда тоа беше јубилеен 950-ти гол во неговата професионална кариера, а во дресот на Ал-Наср досега има 106 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести