Роналдо и Меси испаднаа од полуфиналиња во Лига на шампиони во ист ден

Стотици милиони фудбалски фанови низ светот се разочараа синоќа и тоа поради натпревари од Лига на шампионите и тоа играни надвор од Европа.

Прво Кристијано Роналдо со Ал-Наср не успеа да влезе во азиската Лига на шампиони, беа поразени од Кавасаки од Јапонија, а неколку часа подоцна нокаутиран е и Интер Мајами на Лионел Меси и тоа со убедливи вкупни 1-5 во двата меча против Ванкувер. И Мајами испадна во полуфиналето на шампионскиот Куп во КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка).

Лани Интер Мајами испадна во четвртфиналето од мексикански Монтереј.

- Оглас -

Најнови вести