Роналдо: Јас сум Португалец, но припаѓам на Саудиска Арабија

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо е воодушевен од начинот на живот во Саудиска Арабија. Роналдо дури порача дека „припаѓа на таа земја“ и тоа доаѓа откако го продолжи договорот со Ал Наср.

Роналдо дојде во Ал Наср во јануари 2023 година и имаше договор кој му истекуваше во јуни 2025 година. Многумина веруваа дека Роналдо ќе си замине од Саудиска Арабија и ќе бара нов предизвик, но од Ал Наср му дадоа нова неодолива понуда на Португалецот која беше прифатена.

Португалецот потпиша договор кој годишно ќе му носи заработувачка од 185 милиони евра, доволно да го задржи приматот за најплатен фудбалер во светот. о потпишување на овој договор, Роналдо збодуваше и за животот во оваа земја.

„Среќен сум бидејќи знам дека лигата е многу конкурентна. Сакам да останам затоа што верувам во проектот и тоа не само за следните две сезони, туку и до 2034 година кога Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство. Верувам дека тоа првенство ќе биде најдобро кое некогаш се играло. Уште две години ќе останам во оваа земја како фудбалер, но и доживотно затоа што мојот допринос тука не е само за фудбалот, туку за се. Сакам да бидам дел од оваа земја. Јас сум Португалец, но припаѓам на Саудиска Арабија“, рече Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести