Роналдо јуниор оди по стапките на Кристијано, освои трофеј со Ал-Наср

Кристијано Роналдо јуниор сигурно чекори по стапките на својот славен татко и од „мали нозе“ освојува трофеи. Роналдо јуниор го освои првиот трофеј со саудискиот Ал-Наср.

Тој го предводеше тимот на Ал-Наср до титулата во саудиската лига до 13 години, а притоа беше прогласен и за најдобар фудбалер на завршниот турнир.

Роналдо јуниор пред Ал-Наср, играше и за академиите на Јувентус и Реал Мадрид.
Според тренерите кои го тренирале Роналдо јуниор, тој има потенцијал да направи голема фудбалска кариера.

- Оглас -

Најнови вести