Роналдо ќе биде во домашен карантин, Јувентус денеска почнува со тренинзи

Дел од играчите на Јувентус денеска се на прегледи и тестирање за ковид-19, а веднаш потоа ќе заминат на тренинг, додека главната ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, ќе им се приклучи по две седмици, откако синоќа пристигна од Мадеира во Торино.

Старата дама ги очекува и останатите странци кои се во своите земји во екот на пандемијата со корона-вирусот за да се комплетира планот и тие да минат 14-дневен карантин, па да им се приклучат на играчите кои од денеска ќе почнат со тренинзи.

Маурицио Сари ќе има малку фудбалери на располгање денеска на стартниот тернинг по двомесечна пауза, а во редовите ќе бидат: Бонучи, Пјаниќ, Квадрадо, Ремзи, Ругани, Бернардески…

Во следните два дена се очекува да пристигнат сите фудбалери во Торино, а заедно со Роналдо би требало да се приклучат на тренинзи во втората фаза.

Италијанците најавија дека на 18 мај ќе имаат нова проценка дали може да продолжат натпреварите во Серија А и кога, а оптимистичките планови се дека сезоната ќе се доигра во јуни и во јули.

Јувентус ќе има збиен распоред на натпревари ова лето бидејќи УЕФА го резервира август за еврокуповите, а Старата дама би требало да го игра реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион на 7 август. Првиот меч го доби францускиот тим со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести