Кристијано Роналдо започна процес против Јувентус во судот во Торино, пренесува Газета дело спорт. Португалецот го тужи својот поранешен клуб и му бара 20 милиони евра кои ги има заработено во периодот додека го носеше дресот на „Старата дама“.
Роналдо реши да бара точно 19,9 милиони евра, откако Јувентус ни по две поминати години не сака да му ја исплати оваа сума на супер ѕвездата. Во 2020 година кога се појави Коронавирусот, Јувентус реши да ги намали платите на сите фудбалери, бидејќи го загуби приходот од влезници.
Кристијано се согласил да му бидат исплатени 11 милиони евра, наместо првично договорените 31 милиони евра. Во договорот стоело клаузула во која се вели дека Јувентус ќе му ги исплати останатите 20 милиони евра од тој договор и тоа во оној момент кога италијанскиот гигант ќе се врати во финансиска стабилност.
Засега Јувентус не планира да му ги исплати тие пари на Роналдо, па затоа Португалецот се реши да го тужи својот поранешен клуб и тоа поради неиспшолнување на договореното.