Роналдо на трибините го најде својот двојник (Видео)

Кристијано Роналдо веќе две години е хит во Саудиска Арабија. Португалецот е идол на милиони млади, а кога тој е на теренот, трибините на стадионите секогаш се полни.

На последниот меч на кој Ал-Наср беше домаќин на Ал-Етифак, Роналдо на загревањето пред мечот, на трибините забележа момче кое многу личеше на него. Двојникот имаше облечено дрес на Роналдо, а фризурата му беше иста како на Португалецот.

Кристијано го забележа својот двојник, го поздрави, а потоа со Брозовиќ искоментираа нешто и се насмевнаа. Едноставно навивачот одлично се подготвил да го импресионира еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести