Новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна само пред 24 часа, а веќе може да се насети исходот од викенд-натпреварите.
Најголемо внимание привлекува дербито помеѓу Манчестер сити и Ливерпул, а играчите на Спортската прогноза во голем процент веруваат во победа на домашните. Дури 64% од типувачите очекуваат победа на Граѓаните, 23% чекаат реми, а само 13% веруваат во победа на актуелниот шампион на Англија.
Мали шанси за победа на гости има и Манчестер јунајтед, кој гостува кај Тотенхем. Домашните се фаворити според играчите на Спортската прогноза, 42% од нив очекуваат победа на Спарси, 26% се надеваат на реми, а 32% веруваат во Црвените ѓаволи.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


