Роналдо не е првиот играч со 50+ гола во три различни првенства

Со двата погодоци вчера против Лацио во триумфот од 2-1, Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата кој реализирал најмалку 50 погодоци во Премиер лигата, Ла Лига и Серија А. Тоа се три различни првенства, но сепак Роналдо не е прв играч со вакво достигнување ако се земат предвид Топ-5 лигите во Европа.

Имено, Един Џеко го оствари тоа играјќи за Манчестер сити, Волфсбург и Рома, па има по 50+ гола во три различни шампионати: Премиер лигата, Бундеслигата и Серија А.

За Рома засега брои 77 првенствени гола, во дресот на Манчестер сити постигна точно 50, додека во германското првенство застана на 66 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести