Ал-Наср одигра фантастичен меч и со рекорди 9:0 победи на гости кај Ал-Охдуд во меч од 31-вото коло на првенството во Саудиска Арабија. Садио Мане беше фудбалерот кој блесна на овој меч постигнувајќи четири гола.
Интересно е дека кај Ал-Наср во составот го немаше Кристијано Роналдо, но тоа не преставуваше проблем за гостите од Ријад и стигнаа до неверојатна победа од 9:0.
Со оваа победа Ал-Наср стигна до 63 бода, но сепак е многу далеку од лидерот Ал-Итихад, кој има 11 бода повеќе.
Интересно е дека фановите на Ал-Наср решија да го нападнат Роналдо, кој воопшто не играше на овој меч.
„Нашата најубедлива победа сезонава, а Кристијано Роналдо не играше. Тој го прави тимот да биде лош. Тргнете го ЦР7 од нашиот Ал-Наср“, пишува еден фан на социјалните мрежи. Друг навивач вели „Ал-Наср со Роналдо на теренот игра неверојатно“. Трет коментар вели „Ал-Наср без Роналдо во тимот победи со 9:0. Тоа сè кажува“.
It’s so clear that Portugal & Al Nassr are better without Ronaldo man… shame on him! 😡
— Cowboy_Ruud (@CowboyRuud1021) May 12, 2025