Донарума го прочита Винисиус како „селски буквар“

Бразилецот Винисиус изнуди пенал и реши да го изведе за да зголеми на 4-0, но тоа го стори многу слабо, лежерно, и Џанлуиџи Донарума без проблем одбрани.

Донарума е познат како голман кој добро брани пенали, а Винисиус е прилично лош реализатор. Во ЛШ скорот од белата точка му е два гола и две утки. Но, во отсуство на Килијан Мбапе, одлуката беше да шутне Винисиус, иако можеби пологичен избор ќе беше Валверде, кој даде три гола и преполн е со самодоверба. Сепак, според хиерархијата, веројатно немаше друга опција освен Вини, кој им се извини на фановите по утката.

- Оглас -

Најнови вести