15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Роналдо: Нека се вратат навивачите, ми недостасуваат дури и свирежите

Кристијано Роналдо со нетрпение чека фудбалот да се врати во нормала и повторно на стадионите да има навивачи. Португалецот кој вчера беше прогласен за најдобар фудбалер во 21 век во изборот на „Globe soccer award“, вели дека сака да има фанови на трибините, дури и тие да му свират и da бидат против него насочени.

„Морам да бидам искрен. За мене играњето на празен стадион е како казна. Ги почитувам протоколите и секако дека здравјето на сите е најважно, но ми недостасува публиката. Играм за моето семејство, за децата, за пријателите, за навивачите. Многу е лошо што играме без публика, па дури и тие постојано да ми свират. Го сакам и тој звук од трибините кога ќе викнат ‘Бууууу’ затоа што тоа ми дава дополнителен мотив да бидам подобар. Се надевам дека во 2021 година, работите во фудбалот ќе се вратат во нормала. Мора да има навивачи на трибините, тие ја создаваат целата атмосфера околу фудбалот“, рече Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести