Кристијано Роналдо во Дубаи добива награда за најдобар фудбалер во 21 век

Уште кога објави Кристијано Роналдо дека празниците ќе ги мине во Дубаи, се знаеше дека ѕвездата на Јувентус и светскиот фудбал таму треба да присуствува на церемонијата на доделување на наградите „Globe soccer award“, и да прими значајно признание.

Роналдо ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во 21-виот век. Според гласовите на над два милиони фанови, тој е прв, пред Лионел Меси, Мохамед Салах и Роналдињо кои беа кандидирани за најдобри фудбалери во последните 20 години. Гласа и стручно жири, па откако ќе се соберат гласовите, ќе се прогласи победникот, но јасно е дека ќе биде Португалецот.

Во Дубаи ќе се доделат награди и за играч на годината, тренер на годината, клуб на годината, клуб на векот (за 21-ви век), тренер на векот и агент на векот.

Оваа манифестација се одржува од 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести