Луис Назарио де Лима Роналдо може да се смести на листата на најдобри реализатори во историјата на фудбалот. Популарниот Ел Феномено играше за ПСВ Ајндховен, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан во Европа и секогаш бил страв и трепет за противничките голмани.
Како еден од најдобрите напаѓачи, Роналдо објасни дека Карим Бензема е играчот кој треба да ја добие наградата Златна топка за 2021 година.
„Без дилема, мојот кандидат за Златната топка е Карим Бензема. Тој е најдобар напаѓач на брутално ниво веќе 10 години. Шампион над шампионите. Зарем не е така?“, беше коментарот на Роналдо на сликата која ја објави на својот инстаграм-профил.
Бензема ја игра 13-тата сезона во дресот на Реал Мадрид и досега во дресот на Кралскиот клуб одигра 569 натпревари, во кои постигна 289 голови.
View this post on Instagram