Кристијано Роналдо неодамна го заврши летниот одмор во Грција. Португалецот не штедеше пари за да ужива со својата девојка Георгина и трите деца. Во луксузната вила во која престојуваше, една ноќ изнесува 8.000 евра, пари кои не се проблем да ги потроши фудбалерот кој заработува милиони на месечно ниво.
Дека Роналдо не е скржав кога се работи и за луѓето кои биле задолжени да бидат негова послуга и да се потрудат ништо да не му фали додека тој ужива, говори и бројката која ѕвездата на Јувентус ја оставил како бакшиш. Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ открива дека Роналдо како бакшиш на луѓето од послугата во луксузното одморалиште Коста Наварино, им оставил дури 20.000 евра.