Роналдо: Рекордите се важни, но тимот е поважен

Со двата гола во победата од 2-1 над Лацио, Кристијано Роналдо го предводеше Јувентус до важни три бода и чекор поблиску до одбрана на Скудетото.

Потугалската ѕвезда со нив постави два нови рекорди – Најбрзо стигна до 50 погодоци во Серија А, му успеа само во 61 натпревар, додека стана првиот фудбалер во историјата кој реализирал 50 или повеќе погодоци во три различни првенства: Премиер лига 84 гола, Ла Лига 331 гол и од вчера во Серија А брои 50 гола.

„Рекордите се важни, но за мене е поважно што екипата вчера обезбеди позитивен резултат. Знаевме дека нè чека тежок предизвик, но ние одговориме и ја зграпчивме шансата да победиме на домашен терен. Останаа четири кола до крајот и сме лидери во битката за титулата, не смееме да ја испуштиме од оваа позиција“, истакна Роналдо.

Инаку ѕвездата на Јувентус застана рамо до рамо со Чиро Имобиле на врвот на листата на стрелците во Калчото со по 30 гола.

- Оглас -

Најнови вести