Роналдо на 50+ гола во три различни лиги: Го нокаутира Лацио и го води Јуве кон ново Скудето (видео)

На крилјата на Кристијано Роналдо, Јувентус го доби дербито против Лацио со 2-1 и дефинитивно го отпиша тимот на Симоне Инѕаги од трката за Скудетото. Португалецот со два погодоци ги предводеше Бјанконерите и ги донесе чекор поблиску до одбрана на Скудетото.

Роналдо стигна до котата од 50 гола во Серија А, па со тоа стана единствениот фудбалер кој постигнал 50 или повеќе погодоци во три различни првенства од Топ-5 лигите во Европа – Премиер лига, Ла Лига и Серија А. Исто така, Кристијано е најбрзиот играч кој постигнал 50 или повеќе гола во Серија А, а до учинокот стигна во 61 лигашки настап.

Прво погоди од пенал во 51-вата минута, а само три минути подоцна доби сервиран гол од Дибала по убиствениот контранапад на домаќините. Со вториот гол Роналдо застана на делба на првото место на листата на стрелци со Чиро Имобиле со по 30 гола, кој во 83-тата минута од белата точка ги постави конечните 2-1. Интересно е што и Роналдо и Имобиле од 30-те погодоци и двајцата реализираа по 12 пенали оваа сезона.

https://twitter.com/1xSoccer/status/1285319874986811392

На четири кола до крајот на првенството, Јувентус стои на врвот на табелата со 80 бода, осум повеќе од второпласираниот Интер, додека Лацио останува на четвртото место со 68 бода.

- Оглас -

Најнови вести